Возач-Диструбутер со Ц-категорија

Skopje, North Macedonia

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Возач-Диструбутер со Ц-категорија

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО

  • Врши достава на стоки до продажно место согласно планот за дистрибуција;
  • Гарантира добро управување со возилото на пат, почитувајќи ги доследно прописите за безбедност во сообраќајот;
  • Учествува во истовар на стоки според потребното;
  • Изготвува и доставува до купувачите фактури - испратници за потпис при достава на стоки;
  • Се грижи за хигиената и одржување на чистотата на возилото одвнатре и однадвор и негово соодветно паркирање и сместување;
  • Совесно го управува возилото со цел да го сочува од било какви оштетувања.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено средно образование;
  • Возачка дозвола Ц-категорија;
  • Минимум 2 години возачко искуство во категоријата;
  • Претходно работно искуство како Возач-Дитрибутер ќе се смета за предност.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Работно времеПрва смена од 06:00- 14:00 часот, втора смена од 14:00-22:00 часот.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com



Возач-Диструбутер со Ц-категорија

Job description

Возач-Диструбутер со Ц-категорија

Personal information
Details