DEKRA Arbeit Macedonia Privacy Policy

Приватност, заштита и употреба на политика за лични податоци

Приватна агенција за вработување ДЕКРА АРБЕИТ МАКЕДОНИЈА Скопје, со седиште на ул.Црвена Вода број 7/1, Скопје, со е-маил office@dekra.mk и контакт телефонски број 02 32 30 952 е основана во Скопје од страна на компанијата DEKRA Arbeit и сме дел од меѓународната корпорација DEKRA SE со седиште во Штутгарт, Германија.

Терминологија:

 Би сакале да ги објасниме термините, односно називите што ги користиме во оваа политика, со која се подразбира документот „Политика на приватност, заштита и употреба на лични податоци“, детално и разбирливо.

Во понатамошниот текст, ќе Ви се обратиме како „Кандидат“ или „Соработник“ или „Вие“.

Кога го користиме терминот „Нам“ или „Друштво“ или „ДЕКРА“, тоа се однесува на горенаведеното правно лице во Македонија, како дел од групата ДЕКРА Арбеит.

ДЕКРА преку своите и сестринските компании обезбедува различни услуги како што се: регрутирање и избор на кандидати, привремено вработување, тестирања, евалуации, огласување, развој на кариера, обуки, меѓународна мобилност во работата, истражување на пазарот, маркетинг услуги, услуги за промоција , администрација, анкетирања и други регистрирани активности („Наши услуги“).

При вршење на нашите услуги, користиме различни решенија за ИТ и комуникација. Во некои случаи, ДЕКРА користи веб-страници или социјални мрежи, фиксна или мобилна телефонија, разни сопствени платформи, како што се DEKRA HR-net и DEKRA веб и други софтверски решенија.

Имаме намера да Ви овозможиме да пребарувате и да аплицирате за работни места што ги огласуваме, кои одговараат на Вашите интереси, способности и / или искуство во области за кои сте изразиле интерес за работа или соработка.

Во нашата работа и интеракција со Вас, наидуваме на различни податоци што можат да помогнат во Вашата идентификација, кои во оваа политика ги нарекуваме „Лични податоци“.

Офицер за заштита на лични податоци

Ако имате какви било прашања во врска со оваа изјава, сакате дополнителни информации за тоа како да се заштитите или сакате да остварите некое од Вашите права за заштита на личнте податоци можете да го исконтактирате нашиот офицер за заштита на податоци во ДЕКРА - Елена Кузмановска, со е-пошта на kuzmanovska@tjlaw.com.mk.

ДЕКРА ги собира и обработува следните лични податоци на следниот начин:

  • Ваша IP адреса кога ја посетувате нашата веб страница;

• Име и презиме, датум на раѓање, место на раѓање, информации за контакт, квалификации (образование, обука, референци), документи со кои се докажува вашиот идентитет, право на работа и сите други информации што сте ги навеле во вашето CV доколку аплицирате за работа;

• Во случај на регистрација како соработник за Тајно купување, ќе ги користиме Вашите следни лични податоци: Име и презиме, датум на раѓање, адреса, број на вашата сметка и банка, информации за контакт (телефонски број, мобилен телефон и е-пошта), информации за тековниот работодавец и претходниот работодавец и информации поврзани со услугите на производите што ги користите и поврзани со вршењето на тајното купување (на пр. марка на возило, итн.);

• Доколку се најавите со користење на Вашиот профил или сметка на социјалните мрежи, ние ги собираме податоците за Вашиот профил;

• Во случај да контактирате со нас, можеме да водиме евиденција за преписката, при што како лични податоци ги собираме: вашето име, e-mail адреса, лични податоци содржани во пораката;

• Можеме да собираме информации за Вашите посети на нашата веб-страница исклучиво во претходно обезбедена согласност од Ваша страна согласно Политиката за колачиња;

• Можеме да собираме нотификации за маркетинг цели и анализи, вклучително и известувања за Вашите одговори на е-пошта, смс, телефон и други маркетинг кампањи со Ваша претходна согласност;

• По Ваш избор, можете да ни испратите фотографии и / или видеа од Вашето присуство на тренинзи или слични настани;

Правна основа и цел на прибирање и обработка на лични податоци и рокови за чување 

ДЕКРА собира и обработува лични податоци за следниве цели:

• Обезбедување на услуги што ги очекувате од нас. Барање работа / отстапување / соработка за која аплицирате, помош при обука, развој на кариера и унапредување. Ова вклучува испраќање на Вашето CV до потенцијалните работодавци или партнери за разгледување и информирање за можностите за работа или соработка преку е-пошта, телефон, пошта и / или други методи на комуникација. ДЕКРА ги чува вашите лични податоци до 1 година од моментот на апликацијата. Во случај успешно да пронајдете работа преку нас, ДЕКРА ќе треба да ги задржи вашите лични податоци подолго за да ги исполни важечките законски и договорни обврски

• Реализација на соработка поврзана со тајни купувачи и исполнување на законски обврски, како и исполнување на обврски од договорот: Вашето име и презиме, адреса и ЕМБГ, за контакт во рамките на договорните односи: Вашиот мобилен или телефонски број и е-пошта, со цел да се утврди потенцијален судир на интереси заснован на легитимен интерес. Сите горенаведени информации ги обработуваме врз основа на законските обврски, врз основа на исполнување на договорните обврски, врз основа на согласност или легитимен интерес во случај да Ве контактираме преку телефон за соработка и кога ги обработуваме Вашите податоци за вработување заради потенцијален конфликт на интереси. Овие податоци ги чуваме се додека имате активен кориснички профил кој можете по Ваш избор да го деактивирате/избришете.

• Со Ваша согласност, можеме да ги користиме Вашите контакти за цели за директен маркетинг, на пример преку е-пошта, пораки или телефон. Овие податоци ги обработуваме се до повлечување на согласноста што можете да го сторите во секое време преку одјава од мејлинг листата или испраќање на порака со која ја повлекувате Вашата согласност.

• Потенцијално со цел проучување на статистички и аналитички истражувања согласно роковите определени во Политиката за колачиња.

• Во исполнувањето на законските, правните и регулаторните обврски согласно законски определените рокови.

• Може да ги обработиме и Вашите лични податоци за да ја подобриме безбедноста и заштитата на луѓето, просториите, системите и опремата, да следиме усогласеност со внатрешните политики и процедури, да управуваме со комуникацијата и другите платформи користени од групата ДЕКРА Арбеит и да ги испитаме и одговориме на поплаките. Овие податоци ги чуваме во рокови кои се потребни за исполнување на целта (на пример решавање на одредена поплака).

Дали сте обврзани да ни дадете лични информации

Вие не сте должни да ни ги обезбедите Вашите лични податоци, но доколку ги немаме, невозможно е да се воспостави деловна соработка и не сме во можност да Ви обезбедиме услуги.

Управување со согласност за обработка на лични податоци

Можете да ја промените Вашата согласност (целосно или делумно одземање) со контактирање на ДЕКРА преку е-пошта на office@dekra.mk или по пошта на: Црвена Вода 7/1, 1000 Скопје.

Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката заснована врз согласност пред да се повлече.

Ако сакате повторно да дадете Ваша согласност, можете да го сторите тоа на ист начин како при повлекувањето.

Доколку не ни ги доставите личните податоци за кои не е потребна согласност, што е неопходно за склучување договор со нас, за исполнување на склучен договор или заради обврски што ги имаме согласно законот, нема да можеме да ги исполниме нашите договорни обврски кон Вас.

Обработка на лични податоци без човечка интервенција

Понекогаш ги обработуваме Вашите лични информации без човечка интервенција. ДЕКРА може да користи системи за обработка и автоматски да донесува одлуки (профилирање) со цел да им обезбеди услуга на деловните клиенти и вас.

.


Корисници на лични податоци

Ние ги пренесуваме Вашите лични информации на трети страни, односно корисници со цел да ги исполниме горенаведените цели. Ова го правиме во случаи или според:

• Добавувачи. На пример, ние може да вклучиме снабдувач да извршува административни или оперативни задачи за нас за да ги подобриме односите со Вас. Добавувачот ќе биде обврзан со договорни и правни обврски да ја заштити доверливоста на Вашите лични информации и ќе има пристап до Вашите лични информации само заради извршување на нивните функции.

• Ги споделуваме податоците со други компании на ДЕКРА низ целиот свет каде сте покажале интерес за можностите што ги нуди пазарот или ако ДЕКРА наведе дека имате одредени вештини потребни или корисни на одреден пазар.

• На нашите деловни клиенти / идни работодавци: ние ќе ги споделиме Вашите лични податоци со нашите деловни клиенти кои нудат работни места / задачи што може да Ве интересираат, или кои се заинтересирани за Вашиот профил. Тие се обврзани со договорни и други обврски за доверливост во однос на Вашите лични информации

• Ние ќе ги споделиме Вашите лични податоци доколку сме законски обврзани за истото.

Пренос на лични податоци во и надвор од Европската унија

Можеме да ги пренесеме и процесираме Вашите лични податоци во една или повеќе други земји, во рамките или надвор од Европската унија зависно од тоа со кои клиенти/потенцијални работодавачи би имале соработка, и во случај да ги пренесеме вашите податоци надвор од ЕУ, тоа ќе биде само во земји за кои Европската комисија одлучи да обезбеди соодветно ниво на заштита.

Вашите права

• Право на пристап и добивање копија од Вашите лични податоци што се обработуваат.

Вие имате право да побарате потврда дали и на кој начин ние обработуваме некој од Вашите лични податоци. Во случај да ги обработиме Вашите лични податоци, може да имате пристап до Вашите лични податоци и одредени информации за тоа како ги обработуваме. Во одредени случаи, може да побарате да Ви испратиме копија од Вашите податоци во електронска форма. Истото побарајте го на е-пошта: kuzmanovska@tjlaw.com.mk

• Право да ги коригирате Вашите лични податоци.

Ако докажете дека личните податоци што ги чуваме за Вас не се точни, можете да побарате корекција на неточни лични податоци на е-пошта: kuzmanovska@tjlaw.com.mk

• Право на бришење на Вашите лични податоци.

Во одредени околности, имате право да побарате да ја ограничиме обработката на Вашите лични податоци и / или бришење на лични податоци што се однесуваат на Вас. Може да поднесете барање за бришење лични податоци што се однесуваат на Вас во било кое време, а ДЕКРА ќе процени дали Вашето барање за бришење треба да биде одобрено. Правото на бришење е предмет на законски права и / или обврски што можеби ќе треба да ги почитуваме за да ги задржиме податоците. Можете да побарате бришење на лични податоци на е-пошта: kuzmanovska@tjlaw.com.mk

• Право на приговор.

Имате право да поднесете приговор во врска обработката на лични податоци која ја вршиме врз основа на Ваша согласност, вклучувајќи профилирање, податоците кои ги обработуваме врз основа на директен маркетинг, како и податоците кои ги обработуваме со цел автоматско донесување на одлуки, имате право да приговарате. За остварување на Вашите права, контактирајте не преку е-пошта на следната адреса: kuzmanovska@tjlaw.com.mk

• Право на можност за пренесување на податоци:

Можете да побарате од нас да Ви ги доставиме податоците што сте ни ги довериле во структурирана форма, во вообичаен формат што може да се чита од компјутер:

o ако ги обработуваме овие информации врз основа на согласноста што ни ја дадовте и која може да ја отповикате или да го исполните нашиот договор и

o ако обработката е направена со употреба на автоматски процеси.

• Право на ограничување на обработката:

Може да побарате ограничување во обработката на Вашите податоци:

 o ако ја оспорите точноста на податоците за време на период што ни овозможува да ја потврдиме точноста на тие податоци

o ако обработката на податоците е нелегална, но вие одбивате да ја избришете и наместо тоа, ќе побарате ограничување за користењето на податоците

o ако веќе не ни се потребни податоците за наменетите цели, но сепак Ви требаат тие да ги исполнат законските услови или ако е поднесено приговор заради обработката на овие податоци и очекувате потврда

Ако не контактирате преку е-пошта заради остварување на Вашите права, ДЕКРА може да побара идентификација пред да покренете барање.

• Право на поднесување на барање со Агенцијата за заштита на лични податоци:

Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци не е во согласност со законот, можете да поднесете соодветно барање до Агенцијата за заштита на лични податоци.

Ниво на заштита на личните податоци во системот ДЕКРА

Поради ризиците кои произлегуваат од користењето на интернетот, ДЕКРА ги штити Вашите лични податоци со најновите ИТ технологии и системите за физичка заштита. Сите вработени во ДЕКРА делуваат во согласност со внатрешните протоколи и процедури и оваа политика, се со цел да се обезбеди Вашата приватност и да се спречи нивната потенцијална злоупотреба.

Заштита на лични податоци

Личните податоци собрани преку веб-порталот на апликацијата ќе бидат обработени во согласност со регулативите за заштита на податоците, особено регулативата за заштита на личните податоци на ЕУ и германскиот акт за заштита на личните податоци (Bundesdatenschutzgesetz (BDSG)), како и Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија. За повеќе информации за обработката на личните податоци преку оваа апликација, видете ја Полисата за приватност на:

Конечни одредби

Невалидни делови или индивидуална интерпретација на овие Услови за употреба нема да влијае на другите регулативи.