Директор на развој

Skopje, North Macedonia

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Директор на развој

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО 

  • Управување со процесите на проектирање, градба и технички надзор;
  • Администрирање и следење на дозволи за градба и проектна документација;
  • Координација со секторите за градба и контрола на договори и надзор;
  • Координација во проекти и следење на статус на проекти;
  • Предлагање и спроведување концепти за експанзија;
  • Управување со процесите на набавка, одржување и сервисирање на опремата;
  • Преговори, изнајмување објекти и координација на финализацијата на проектите;
  • Подготовка и презентација на извештаи пред Управата за сите тековни проекти и развој на мрежата;
  • Организација и избор на тимови за проектирање и следење на навремено доставување документација до институциите;
  • Подготовка и организирање тендери за избор на главни изведувачи;
  • Контрола на активности во градежништво, техничка набавка и управување со недвижности;
  • Следење на административно-финансиските процеси на секторите под негова надлежност;
  • Долгорочно планирање и развој на персоналот, како и организација на оперативни состаноци;
  • Следење и контрола на годишните планови на заедничките служби;
  • Надзор над техничко одржување на деловен простор, опрема и возен парк;
  • Контрола на процеси за набавки на опрема, услуги и канцелариски материјали;
  • Обезбедување на безбеден, организиран и функционален работен простор;
  • Развивање, имплементирање и следење проекти поврзани со работењето на секторот.

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование од областа на градежништво, машинство, електротехника, архитектура или економија/менаџмент;
  • Минимум 10 години искуство нa иста или слична раководна позиција;
  • Искуство во управување со повеќе тимови и координација на комплексни процеси;
  • Одлично познавање на регулативата за градба, дозволи и техничка документација;
  • Силни организациски и лидерски вештини, со способност за планирање, следење и контрола на повеќе проекти паралелно;
  • Напредно користење на MS Office (Excel, Project) и работа со техничка и проектна документација.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Директор на развој

Job description

Директор на развој

Personal information