Магационер / Виљушкарист

Skopje, North Macedonia

Во име на нашиот клиент, Perutnina Ptuj  компанија со долгогодишна традиција, препознатлив квалитет и силно присуство на домашниот и регионалниот пазар, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Магационер / Виљушкарист

ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Прием, проверка и складирање на стока во магацин;
  • Управување со виљушкар при вчитување, истовар и транспорт на производи во магацинскиот простор;
  • Подготовка и издавање на нарачки согласно потребите на производството и дистрибуцијата;
  • Вчитување и истовар на стока;
  • Водење евиденција за влез и излез на производи;
  • Контрола на количина, рокови и исправност на производите;
  • Одржување на ред и организација во магацинскиот простор;
  • Работа согласно интерните процедури и стандарди за безбедност и хигиена ;
  • Соработка со останатите оддели во компанијата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено средно образование;
  • Спремност за работа на температурен режим -20 и од 0-4;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Поседување важечка дозвола/сертификат за управување со виљушкар;
  • Искуство во работа со виљушкар ќе се смета за предност;
  • Основно познавање на работа со компјутер;
  • Одговорност, точност и способност за тимска работа;
  • Подготвеност за работа во смени;
  • Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Предвидената плата за позицијата е 45000 МКД нето. 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Магационер / Виљушкарист

Job description

Магационер / Виљушкарист

Personal information