Деловен секретар

Skopje, North Macedonia

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја огласува позицијата:

Деловен секретар

ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Организација, координација и следење на административните и организациските активности поврзани со Генералниот директор и Претседателот на Управниот одбор;
  • Прием, евидентирање, распределување и следење на службена документација и деловна кореспонденција;
  • Подготовка, уредување и техничка обработка на деловни дописи, извештаи, презентации и друга документација;
  • Организација и координација на состаноци, конференции, службени патувања и протоколарни активности;
  • Водење календар на активности, агенда и евиденција за деловни контакти;
  • Координација и комуникација со организациски единици, институции, клиенти и деловни партнери;
  • Организација на службени патувања, резервации, патни налози и следење на патни трошоци;
  • Грижа за доверливост, точност и безбедност на документацијата и информациите;
  • Организација на официјални посети, делегации и деловни средби;
  • Учество во организација на корпоративни настани, презентации и конференции;
  • Водење електронска и архивска евиденција на деловна документација;
  • Превод и деловна кореспонденција на македонски и англиски јазик.

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование – VII/1 степен;
  • Предност ќе имаат кандидати од областа на општествени, економски, административни, јазични или комуникациски науки;
  • Минимум 3 години работно искуство на административни, организациски или секретарски позиции;
  • Напредно познавање на MS Office пакет (Word, Excel, PowerPoint, Outlook);
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на деловна комуникација и корпоративен протокол;
  • Способност за работа со доверлива документација и кратки рокови.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.comсо назнака за позицијата за која што аплицираат. 

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. 

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com


Деловен секретар

Job description

Деловен секретар

Personal information