Самостоен референт за техничка подготовка

Skopje, North Macedonia

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја огласува позицијата:

Самостоен референт за техничка подготовка

ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Подготовка и координација на целосна и точна тендерска документација во согласност со барањата на тендерите и интерните процедури;
  • Следење и анализа на јавни набавки и тендерски постапки во земјата и странство;
  • Комуникација со инвеститори и обезбедување на информации потребни за разјаснување на тендерските спецификации;
  • Организација и координација на целокупната постапка за изготвување на понуди;
  • Анализа на тендерски барања, калкулации, трошковници и проценка на профитабилност;
  • Проценка на комерцијални и технички ризици на понудите;
  • Подготовка и водење на електронски аукции;
  • Анализа на договорна документација и услови од јавни набавки;
  • Креирање и одржување база на податоци за тендери, понуди, CV-а и референци;
  • Координација со останати организациски единици при подготовка на тендерски досиеја;
  • Учество на тендерски настани, состаноци и постапки за јавни набавки;
  • Подготовка на месечни, квартални и годишни извештаи и анализи;
  • Комуникација и соработка со Бирото за јавни набавки и останати релевантни институции.

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование од областа на техничките науки;
  • Минимум 7 години работно искуство во областа на јавни набавки и тендерски постапки;
  • Напредно познавање на англиски јазик;
  • Напредно познавање на MS Office пакет (Word, Excel, PowerPoint) и интернет алатки;
  • Познавање на законска регулатива и процедури за јавни набавки;
  • Искуство со подготовка на техничка и комерцијална документација.
  • Одлични аналитички и организациски способности;
  • Способност за работа на повеќе активности и кратки рокови;
  • Високо ниво на комуникациски и координациски вештини;
  • Прецизност, одговорност и внимание на детали.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.comсо назнака за позицијата за која што аплицираат.  Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. 

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Самостоен референт за техничка подготовка

Job description

Самостоен референт за техничка подготовка

Personal information