Одговорен инженер – Архитект

Skopje, North Macedonia

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја огласува позицијата:

Одговорен инженер – Архитект

ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Самостојно водење, координација и администрација на големи и сложени архитектонски и мултидисциплинарни проекти;
  • Организација и надзор на проектни активности согласно законска регулатива и добиени овластувања;
  • Координација на проектни тимови, надворешни соработници и партнери од земјата и странство;
  • Изработка на понуди, методологии, програми и технички спецификации;
  • Подготовка и контрола на техничка и финансиска документација;
  • Комуникација со инвеститори, институции и проектни партнери за реализација на проектите;
  • Следење на рокови, квалитет и усогласеност со проектната документација и техничките стандарди;
  • Вршење стручна контрола и одобрување на техничка документација;
  • Менторирање и професионална поддршка на инженери и соработници со помало искуство;
  • Учество во подготовка на тендерска документација и проектни извештаи;
  • Следење и примена на современи технологии, стандарди и ISO процедури во работењето.

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование – Архитектонски факултет;
  • Минимум 10 години релевантно работно искуство во областа на проектирање, ревизија, надзор или изведба;
  • Поседување А овластување од Комората на овластени инженери и архитекти;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Напредно познавање на MS Office пакет, AutoCAD и останати софтверски алатки од областа;
  • Возачка дозвола Б категорија.
  • Високо развиени аналитички и организациски способности;
  • Способност за управување со повеќе проекти истовремено;
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини;
  • Фокус кон квалитет, рокови и потреби на клиентите.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.comсо назнака за позицијата за која што аплицираат.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. 

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Одговорен инженер – Архитект

Job description

Одговорен инженер – Архитект

Personal information