Градежен инженер- Насока Хидротехника

Skopje, North Macedonia

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја огласува позицијата:

Градежен инженер- Насока Хидротехника

ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Вршење стручен надзор во фаза на изградба и гарантен рок на инфраструктурни и хидротехнички проекти;
  • Следење и контрола на изведбата согласно проектна и договорна документација;
  • Координација со изведувачи, инвеститори, проектанти и останати учесници во проектот;
  • Организација и водење состаноци на градилиште и подготовка на записници и извештаи;
  • Следење на динамика на реализација и навремено детектирање на потенцијални ризици и проблеми;
  • Контрола и одобрување на техничка документација, градежни книги и градежни дневници;
  • Учество во подготовка на месечни и финални извештаи за напредок на проектите;
  • Координација и раководење со повеќе дисциплинарни инженерски тимови;
  • Учество во подготовка на тендерска документација и технички спецификации;
  • Менторирање и поддршка на инженери со помало работно искуство.

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование – Градежен факултет, насока Хидротехника или сродна техничка насока;
  • Минимум 7 години релевантно работно искуство;
  • Поседување овластување А за надзор/проектирање/изведба;
  • Напредно познавање на AutoCAD, MS Office и техничка документација;
  • Познавање на FIDIC договори, стандарди и Eurocodes;
  • Одлични организациски и аналитички способности;
  • Развиени комуникациски и преговарачки вештини;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.comсо назнака за позицијата за која што аплицираат. 

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. 

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Градежен инженер- Насока Хидротехника

Job description

Градежен инженер- Насока Хидротехника

Personal information