Дилер за девизни и денарски сретства и ликвидност во Дирекција трежери

Skopje, North Macedonia

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Дилер за девизни и денарски сретства и ликвидност во Дирекција трежери

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО 

  • Изготвува курсна листа на Банката и котира курсеви на девизен пазар;
  • Тргува на девизен пазар, пазарот на пари и пазарот на капитал согласно доделените задачи, а во рамки на интерните и законските лимити и процедури;
  • Врши активности поврзани со обезбедување на средства од финансиски институции, анализи и следење на истите;
  • Изготвува извештаи за потребите за следење на движењето на активата и пасивата на Банката;
  • Ги следи на дневно ниво состојбите на денарската и девизните сметки на Банката и врши соодветна алокација на истите, со цел непречено одвивање на платниот промет и исполнување на задолжителната резерва;
  • Ги следи отворените девизни позиции по валута, и склучува девизни трансакции со цел исполнување на интерните и законските лимити, а во рамки на интерните процедури и доделени цели и задачи;
  • Ги следи меѓувалутните односи и информациите на домашниот и меѓународниот девизен пазар и пазарот на пари;
  • Извшува активности за инвестирање во домашни обврзници издадени од државата или Народната банка;
  • Тргува на странските пазари на обврзници согласно интерните процедури и лимити;
  • Врши активности поврзани со издавање на нови хартии од вредност на домашниот пазар на капитал;
  • Врши активности поврзани со купување и продажба на благородни метали инвестициско злато и сребро;
  • Вклучен е во анализите за стратешката и тактичката алокација на ликвидната актива на Банката.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование;
  • Минимум 1 година работно искуство на иста или слична позиција;
  • Искуство со работа со Bloomberg или LSEG (Refinitiv / Reuters Terminal) ќе се смета за предност;
  • Поседување на ACI Dealing Certificate или учество во програма на CFA Institute ќе се смета за предност;
  • Развиени комуникациски и интерперсонални вештини и способност за тимска работа;
  • Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива, како и способност за брзо реагирање;
  • Способност за самостојно планирање, организирање и навремено извршување на задачите;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Напредно познавање на MS Office.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

* Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com


Дилер за девизни и денарски сретства и ликвидност во Дирекција трежери

Job description

Дилер за девизни и денарски сретства и ликвидност во Дирекција трежери

Personal information