Координатор на земјоделско производство

Skopje, North Macedonia

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Координатор на земјоделско производство

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО 

  • Планирање, организирање и координација на производниот процес во Агро комплекс;
  • Изработка на производствени планови и програми за развој;
  • Анализа на производните процеси, предлагање мерки за нивно унапредување и разрешување на техничко-технолошките проблеми;
  • Планирање и оптимизација на потребните ресурси (работна сила, механизација, материјали);
  • Соработка со надворешни стручни лица и консултанти во функција на унапредување на производниот процес и ефикасно справување со проблемите при имплементацијата на програмите;
  • Организирање, координација и надзор на сите активности во производство на земјоделски култури;
  • Раководење со вработените, нивно распоредување, обука и следење на извршување на задачите;
  • Следење на процесот од подготовка на површини за сеидба до берба, пакување и испорака;
  • Оперативен надзор на терен и координација на дневните активности;
  • Учество во техничко-технолошки процеси за подобрување на производството и креирање на развојни програми;
  • Обезбедување ефикасно користење на опрема и ресурси;
  • Контрола и евиденција на возила, механизација и приклучна опрема;
  • Следење и контрола на потрошувачката на гориво и оперативните трошоци;
  • Контрола на здравствената состојба на насадите;
  • Следење на реализацијата на планираните активности;
  • Подготовка на извештаи (дневни, неделни и месечни);
  • Одржување на високи професионални стандарди и деловна етика.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Кандидатите со ВСС- Факултет за земјоделски науки и храна или ССС – Земјоделски техничар со претходно работно искуство на иста или сродна позиција минимум 5 (пет) години ќе имаат предност при изборот;
  • Познавање на MS Office програми и англиски јазик ќе се смета за предност;
  • Доверлив и аналитичен со високо чувство за координирање на трошоци и економичност;
  • Силни организациски, комуникациски вештини, способност за работа со рокови и под притисок;
  • Способност за решавање проблеми;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интервенција со персоналот;
  • Познавање на земјоделската пракса и технологија.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Координатор на земјоделско производство

Job description

Координатор на земјоделско производство

Personal information