ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Skopje, North Macedonia

Во име на наш клиент, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:

  • ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ 

ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

  • Ја следи усогласеноста на внатрешните акти на компанијата со прописите за заштита на лични податоци;
  • Се грижи за информирање на вработените и одговорните лица на компанијата, за нивните обврски што произлегуваат од прописите за заштита на личните податоци;
  • Се грижи за исполнување на обврските што произлегуваат од прописите за заштита на личните податоци;
  • Работи на подигнување на јавната свест преку подготвување на соодветни изјави и информации за заштита на лични податоци за вработените и одговорните лица;
  • Организира и спроведува обуки за вработените и одговорните лица кои се вклучени во операциите на обработка на лични податоци;
  • Активно е вклучен во креирањето и спроведување на процесите кои опфаќаат обработка на лични податоци;   
  • Ги следи ризиците, по однос на Анализата на ризиците за личните податоци и акцискиот план со мерки за решавање на ризиците;
  • Се грижи за исполнување на техничките и организациски мерки за обезбедување на безбедност на обработката на личните податоци и планира и врши контроли над спроведувањето на овие мерки, особено имајќи ги предвид утврдените ризици;
  • Дава совети во поглед на проценка на влијанието на планираните операции на обработка врз заштитата на личните податоци и го следи извршувањето на оваа проценка - Data Protection Impact Assessment;
  • Остварува редовни состаноци со одговорните лица во компанијата во врска со прашања од областа на заштитата на личните податоци;
  • Соработува и делува како контакт точка за Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) - дава поддршка на АЗЛП при спроведувањето  на законските обврски и соработува со АЗЛП во насока на развивање и промовирање на најдобри практики за конкретни теми;
  • Ја координира комуникацијата на компанијата во евентуалните постапки поведени пред АЗЛП;
  • Се грижи за информирање на субјектите на лични податоци за нивните права;
  • Остварува контакт со субјектите на лични податоци и се грижи за спроведување на постапките и за навремено одговарање на нивните барања упатени до компанијата, а во врска со остварување на нивните права;
  • Извршува тековни и останати работи по налог на Управниот одбор на компанијата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено високо образование;
  • Работно искуство во делот на заштитата на личните податоци;
  • Познавање на законска и подзаконска регулатива за заштита на лични податоци;
  • Развиени комуникациски и интерперсонални вештини и способност за работа во тим;
  • Способност за самостојно планирање, организирање и навремено исполнување на задачите;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Напредно познавање на MS Office.

ДОПОЛНИТЕЛНО ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

* Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Job description

ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Personal information