Агроном за полједелство

Skopje, North Macedonia

Во име на нашиот клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Агроном за полједелство

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО 

Агрономот за полјоделство е одговорен за стручно планирање, организирање, спроведување и контрола на земјоделското производство, со цел постигнување високи и стабилни приноси, оптимизација на производствените трошоци и одржливо користење на земјоделските ресурси.

КЛУЧНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

  • Учествува во изготвување и реализација на годишните производствени и сеидбени планови, вклучувајќи избор на култури, семенски материјал, ѓубрива и средства за заштита на растенијата;
  • Ги планира, организира, координира и контролира сите агротехнички операции, од подготовка на почвата и сеидба до жетва и прибирање на земјоделските производи;
  • Редовно ја следи состојбата на посевите, почвата и климатските услови и предлага навремени мерки за оптимален развој на земјоделските култури;
  • Изготвува и спроведува планови за исхрана, прихрана и заштита на растенијата, врз основа на потребите на културите и состојбата на посевите;
  • Навремено идентификува појава на болести, штетници и плевели и предлага соодветни мерки за нивно спречување и сузбивање;
  • Ги следи приносите, квалитетот на производството и производствените показатели, ги анализира отстапувањата и предлага мерки за подобрување;
  • Учествува во планирање на производствените трошоци и следење на економската ефикасност на земјоделското производство;
  • Ја координира работата на теренските тимови и операторите на земјоделската механизација, обезбедувајќи правилно и навремено извршување на работните операции;
  • Врши контрола на правилната употреба и подесување на земјоделската механизација, со цел постигнување оптимален учинок и квалитет на извршените операции;
  • Се грижи за зачувување и подобрување на плодноста на почвата, правилна примена на плодоредот и одржливо управување со земјоделското земјиште;
  • Подготвува редовни извештаи и анализи за текот на земјоделското производство и предлага конкретни мерки за негово унапредување;
  • Обезбедува почитување на законските прописи, стручните стандарди и процедурите за безбедност и заштита на животната средина.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ИСКУСТВО

  • Завршено високо образование од областа на земјоделските науки, по можност насока полјоделство или сродна област;
  • Најмалку 7 години релевантно работно искуство во земјоделско производство, со практично искуство во полјоделство;
  • Докажано искуство во планирање, организирање и контролирање на земјоделски производствени процеси;
  • Одлично познавање на современите агротехнички практики, технологиите на одгледување полјоделски култури, прихраната и заштитата на растенијата;
  • Познавање на законската регулатива од областа на земјоделството и заштитата на животната средина;
  • Компјутерска писменост и познавање на MS Office, особено Excel;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б-категорија;
  • Подготвеност за редовна теренска работа и флексибилно работно време согласно сезонските потреби на производството;
  • Познавање на современи технологии и дигитални алатки за следење и управување со земјоделското производство.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com



Агроном за полједелство

Job description

Агроном за полједелство

Personal information