Ракувач на земјоделска машина

Skopje, North Macedonia

Во име на нашиот клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Ракувач на земјоделска машина

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО 

Ракувачот на земјоделска механизација е одговорен за правилно, безбедно и ефикасно управување со современа земјоделска механизација, како и за нејзино одржување и рационално користење, со цел квалитетно и навремено извршување на планираните земјоделски активности.

КЛУЧНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

  • Управува и ракува со трактори со голема моќност, самоодни земјоделски машини и различни видови приклучна механизација;
  • Извршува земјоделски операции поврзани со подготовка и обработка на почвата, сеидба, прихрана, заштита на растенијата, прибирање на земјоделските производи и транспорт
  • Обезбедува правилно, внимателно и економично користење на машините, почитувајќи ги техничките упатства и работните процедури;
  • Врши редовни дневни проверки на техничката исправност на механизацијата и учествува во спроведувањето на планираното одржување;
  • Се грижи за навремено откривање и пријавување дефекти, неправилности и отстапувања во работењето на машините;
  • Самостојно отстранува помали технички дефекти во рамките на своите компетенции и овластувања;
  • Се грижи за чистотата, уредноста и правилното чување на доверената механизација и опрема;
  • Ги почитува прописите за безбедност и здравје при работа и правилата за безбедно управување со земјоделска механизација.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ИСКУСТВО

  • Најмалку 3 години релевантно работно искуство во управување со земјоделска механизација;
  • Практично искуство во управување со големи и современи земјоделски машини;
  • Познавање на принципите на работа, правилно користење и основно одржување на земјоделската механизација;
  • Соодветна возачка дозвола и исполнување на законските услови за управување со машините што се користат на работното место;
  • Подготвеност за работа со флексибилно работно време, согласно сезонскиот карактер на земјоделското производство;
  • Флексибилност и подготвеност за работа во периоди на зголемен обем на активности;
  • Самостојност, организираност и способност за решавање оперативни проблеми;
  • Домаќински и одговорен однос кон доверената механизација и опрема.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Ракувач на земјоделска машина

Job description

Ракувач на земјоделска машина

Personal information