Директор на земјоделие

Skopje, North Macedonia

Во име на наш клиент, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:

  • Директор на земјоделие


ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

Директорот на земјоделие е одговорен за планирање, организирање, управување и контрола на целокупното земјоделско производство, со цел обезбедување профитабилно работење, зголемување на продуктивноста и оптимално искористување на расположливите ресурси.


КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Планирање и реализација на земјоделското производство: Изготвува и спроведува годишен и 5-годишен сеидбен план, кој опфаќа избор на земјоделски култури, распределба по парцели, избор на семенски материјал и ѓубрива, како и планирање и спроведување на сите потребни агротехнички мерки и операции;
  • Профитабилност и продуктивност: Одговара за постигнување оптимални приноси, контрола на производствените трошоци, зголемување на ефикасноста и подобрување на економските резултати од земјоделското производство;
  • Управување со ресурсите и зачувување и подобрување на плодноста на почвата: Планира и спроведува соодветни земјоделски практики вклучувајќи плодоред, зелено ѓубрење, угар и правилна употреба на дозволени ѓубрива и средства за заштита на растенијата, во согласност со законските прописи преку рационално и ефикасно користење на земјоделското земјиште, механизацијата, опремата, материјалните средства и човечките ресурси;
  • Планирање на земјоделската механизација: Изготвува план за набавка, обновување и оптимално;
  • Користење на механизацијата, согласно годишниот сеидбен план, планираните агротехнички операции и постојните капацитети;
  • Воведување нови технологии и иновации: Ги следи современите трендови и технолошки решенија во земјоделството и иницира нивна примена со цел зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците и унапредување на квалитетот на производството;
  • Управување со човечките ресурси: Ја организира, координира и контролира работата на вработените во земјоделското производство, со цел ефикасно извршување на планираните активности;
  • Законска усогласеност: Обезбедува почитување и спроведување на сите законски прописи, стандарди и обврски поврзани со земјоделското производство, употребата на земјоделски средства и заштитата на животната средина;
  • Следење и известување: Ги анализира производствените резултати, приносите, трошоците и ефикасноста на работењето и подготвува редовни извештаи и предлози за подобрување на резултатите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ИСКУСТВО

  • Високо образование од областа на земјоделските науки, со предност на кандидати со завршен Земјоделски факултет – насока полјоделство или сродна област;
  • Најмалку 5 години релевантно работно искуство во земјоделско производство, од кои најмалку 3 години на раководна позиција;
  • Докажано искуство во планирање, организација, оптимизација и управување со големи земјоделски системи и интензивно полјоделско производство;
  • Одлично познавање на агротехничките мерки, сеидбени планови, плодоред, прихрана, заштита на растенијата и управување со плодноста на почвата;
  • Познавање на современа земјоделска механизација, системи за наводнување и технологии за прецизно земјоделство;
  • Развиени лидерски, организациски и комуникациски способности, со искуство во раководење и координација на поголеми тимови;
  • Познавање на законската регулатива од областа на земјоделското производство и заштитата на животната средина;
  • Познавање на MS Office, особено Excel, и работа со софтверски алатки за планирање и следење на земјоделското производство;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б-категорија;
  • Предност ќе се смета практично искуство со GPS-навигација, сателитскo;
  • Следење, дигитални земјоделски платформи и прецизно земјоделство.


        ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на rabota.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com


Директор на земјоделие

Job description

Директор на земјоделие

Personal information