Финансиски Менаџер

Skopje, North Macedonia

Во име на нашиот клиент Rubix, водечки добавувач на MRO производи, услуги и решенија, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Финансиски Менаџер

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

 

  • Подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи во согласност со МСФИ (IFRS) и локалните законски барања;
  • Управување со процесот на затворање на месецот, со обезбедување точност, целосност и навременост;
  • Обезбедување соодветна усогласеност помеѓу локалните сметководствени стандарди (GAAP) и МСФИ; управување со процесите на транзиција и усогласување;
  • Подготовка на финансиски анализи, прогнози и извештаи за извршниот директор;
  • Одржување на точна главна книга, контроли на билансот на состојба и финансиска документација;
  • Воспоставување и одржување сигурни системи на внатрешни контроли во согласност со корпоративните стандарди;
  • Идентификување на празнини во постојните финансиски процеси и дизајнирање и имплементација на подобрувања на контролите;
  • Обезбедување усогласеност со корпоративните политики, барањата за внатрешна ревизија и регулаторните стандарди;
  • Надзор над даночната усогласеност (ДДВ, данок на добивка, даноци и придонеси од плати) во соработка со надворешни сметководители;
  • Надзор над обврските кон добавувачи, побарувањата од купувачи, управувањето со готовина и сметководството на залихи;
  • Следење на обртниот капитал, готовинскиот тек и ликвидноста;
  • Водење на процесите на буџетирање, прогнозирање и долгорочно деловно планирање;
  • Дејствување како стратешки финансиски партнер на извршниот директор, преку обезбедување финансиски увиди и препораки;
  • Обезбедување финансиски анализи за клучни комерцијални одлуки (цени, маржи, инвестиции, договори и сл.);
  • Градење односи со оперативните тимови и поттикнување култура на транспарентност и одговорност.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Универзитетска диплома по финансии, сметководство, економија или сродна област;
  • Минимум 5–7 години релевантно искуство во финансии, сметководство или финансиска контрола;
  • Искуство во дистрибуција, FMCG или слични индустрии претставува предност;
  • Познавање на МСФИ (IFRS) и локалните сметководствени прописи (Србија и/или Северна Македонија);
  • Изразени аналитички способности и добро познавање на Excel; познавање на корпоративни алатки за известување;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Солидно разбирање на даночните прописи и усогласеноста;
  • Висок интегритет, силно чувство на одговорност и посветеност на квалитетот;
  • Практичен пристап („hands-on“), ориентираност кон детали и способност за самостојна работа во средина што се трансформира.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Финансиски Менаџер

Job description

Финансиски Менаџер

Personal information