Регионален продажен претставник

1000, North Macedonia

Во име на својот клиент Златиборац, компанија со долгогодишна традиција, препознатлив бренд и посветеност на квалитетот и иновациите во прехранбената индустрија, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Регионален продажен претставник

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО 

  • Управување и развој на продажните активности на пазарот во Северна Македонија, преку секојдневна соработка и координација со локалниот дистрибутер;
  • Следење и унапредување на работењето на дистрибутерот преку редовни посети на продажните објекти и анализа на клучните показатели – продажба, залихи, трошоци и пазарна застапеност;
  • Развивање и имплементација на продажни стратегии во согласност со деловните цели на компанијата;
  • Соработка со продажниот тим на дистрибутерот во спроведувањето на бренд-стратегијата и унапредувањето на позиционирањето на производите на компанијата;
  • Планирање и реализација на годишните продажни и маркетинг активности, со следење на нивната ефикасност и повратот на инвестицијата (ROI);
  • Иницирање и реализација на BTL активности, промотивни кампањи насочени кон зголемување на продажбата и зајакнување на препознатливоста на брендовите;
  • Континуирано следење на конкуренцијата, пазарните трендови и потребите на потрошувачите, со цел идентификување нови деловни можности;
  • Анализа на остварените резултати, подготовка на извештаи и предлагање конкретни мерки за унапредување на работењето и постигнување на поставените цели.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование;
  • Најмалку две години работно искуство на позиции во областа на продажбата, управувањето со продажба или развојот на пазарот;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возчка дозвола Б категорија;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Аналитичност, проактивност, самостојност во работата и ориентираност кон постигнување резултати.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.


Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com



Регионален продажен претставник

Job description

Регионален продажен претставник

Personal information