Соработник за дигитални канали (Digital Associate)

Skopje, North Macedonia

This job is not available anymore

Во име на својот клиент Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:

  • Соработник за дигитални канали (Digital Associate) 

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

  • Одговорност за следење и осигурување дека одговорните за комуникација на социјалните профили со потрошувачи ги следат сите чекори според стандардните оперативни процедури (SOP) при објавување содржина, означување и одговарање на пораки преку дозволените PMI платформи;
  • Координирање на планот за социјални медиуми со другите дигитални планови и офлајн канали, следење на перформансот преку осигурување на усогласеност со насоките за брендот;
  • Одговорност за следење на перформансите на комуникациските кампањи, вклучително дефинирање на KPI и извештаи;
  • Управување со каталог за е-трговија. Одржување на детали и цени за производи и додатоци, со осигурување дека се достапни за целните групи;
  • Учествува во креирање и следење на е-маил, Viber и SMS кампањи според деловните потреби;
  • Управување со буџетот за социјални медиуми на најпрофесионален и ефикасен начин. Следење на трошењето и обезбедување најсоодветна распределба на достапните ресурси, со флексибилност за нивна прераспределба во согласност со промените во деловна динамика;
  • Следење на сите KPIs според деловните потреби.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено ВСС (по дигитални технологии, е-трговија, маркетинг, бизнис или сродна област);
  • Минимум 1 година работно искуство во дигитален маркетинг, управување со бренд или маркетинг комуникации;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Искуство во управување со проекти и работа во меѓународна брендови ќе се смета на предност;
  • Силни аналитички способности и вештини за решавање проблеми;
  • Ориентираност кон детали; вештини за презентација;
  • Одлични организациски и комуникациски способности;
  • Познавање на алатки за автоматизација и управување со веб-содржина.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на regrutacijamkd.pmi@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Соработник за дигитални канали (Digital Associate)

Job description

Соработник за дигитални канали (Digital Associate)