Rent-a car Representative

Skopje, North Macedonia

Во име на нашиот клиент, Hertz, водечки светски бренд во индустријата за rent-a-car услуги, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:

•    Rent-a car Representative

ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА: 

•    Одговорен за изготвување на договорот за изнајмување, проверка на потребните документи за изнајмување на возилото и обезбедување на начинот на плаќање (готовина или кредитна картичка). Врши предавање на возилото на клиентот заедно со целата неопходна документација за непречено користење;

•    Се грижи за клиентот во текот на периодот на изнајмување и одржува континуирана комуникација за идни резервации;

•    Одговорен за проверка на состојбата на возилото при неговото враќање, вклучувајќи проверка за евентуални оштетувања, изгубени документи и нивото на гориво, како и за наплата на соодветните трошоци;

•    Должен е да ги проверува возилата пред и по изнајмувањето и да пријавува какви било промени во однос на нивната претходна состојба;

•    Обезбедува секоја резервација да се реализира точно во предвиденото време, со возило што е целосно функционално и подготвено за изнајмување;

•    Обезбедува клиентите секогаш да бидат целосно информирани за условите и цените на изнајмувањето, со цел да се спречат евентуални поплаки и недоразбирања поради недостиг на информации.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

•    Возачка дозвола Б категорија;

•    Одлично познавање на англискиот јазик (писмено и усмено); познавањето на дополнителни јазици се смета за предност;

•    Изразени комуникациски и меѓучовечки вештини;

•    Основни компјутерски вештини за работа со системи за резервации и процесирање на плаќања;

•    Завршено средно образование или еквивалент (диплома од областа на туризмот или бизнисот претставува предност);

•    Подготвеност за работа во смени, вклучувајќи викенди и празници;

•    Прецизност и внимание кон деталите.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: job.arbeit.mk@dekra.com, со назнака за позицијата за која што аплицираат. 

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. 

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com


Rent-a car Representative

Job description

Rent-a car Representative

Personal information